Home » Марсијал му врати на Рангник: Никогаш нема да одбијам да играм за Манчестер Јунајтед

Марсијал му врати на Рангник: Никогаш нема да одбијам да играм за Манчестер Јунајтед

by Журнал.мк

Антони Марсијал го собра гневот на навивачите на Манчестер Јунајтед откако по вчерашниот натпревар со Астон Вила привремениот тренер на клубот, Ралф Рангник истакна дека тој одбил да биде во составот.

Јунајтед имаше проблеми во офанзивата, но Марсијал не се најде ни на клупата, за подоцна Германецот да истакне дека тоа била одлука на играчот кој одбил да биде во составот.

Сепак, по ваквата изјава на тренерот на Манчестер Јунајтед со свој коментар преку социјалните мрежи се јави и самиот Марсијал.

Тој напиша дека никогаш не одбил и нема да одбие да игра за Манчестер Јунајтед поради тоа што има голема почит кон клубот и навивачите.

– Никогаш нема да одбијам да играм за Манчестер Јунајтед. Овде сум седум години и никогаш не сум покажал непочитување и никогаш нема да покажам непочит кон клубот и фановите, -напиша Марсијал на Инстаграм.

Навистина чудна атмосфера владее во Манчестер Јунајтед, германскиот стратег Ралф Рангник очигледно воопшто не ги подобрил работите во клубот кои од ден на ден стануваат се полоши.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk