По повод 30 мај – Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Мобилност Македонија денеска организира Марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза.
Како што информира Мобилност Македонија, целта на маршот е да се подигне свеста за специфичните потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија на овие луѓе.