15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Марселињо нов тренер на Атлетик Билбао

Најчитани вести

Атлетик Билбао по победата над Елче (1:0), му врачија отказ на тренерот Гаиска Гаритано. Нов тренер на екипата ќе биде Марселињо Гарсија Торал.

„Марка“ објави дека Марселињо потпишал договор до 2022 година. Атлетик ќе биде седмиот клуб кој Марселињо ќе го предводи во Ла Лига.

Марселињо Гарсија Торал без работа беше од октомври 2019 година, кога поради несогласување со клупските челници замина од Валенсија.

Искусниот тренер ќе дебитира на клупата на Атлетик за три дена против Барселона.

Атлетик Билбао, по 17 одиграни натпревари се наоѓа на деветтото место во Ла Лига.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести