Home » Марков: ТОАРИЛУЦ е оставена без основни средства и опрема, а ангажирале лица по договор за дело без согласност од МФ

Марков: ТОАРИЛУЦ е оставена без основни средства и опрема, а ангажирале лица по договор за дело без согласност од МФ

by Журнал.мк

„СДС и ДУИ го гледале здравството како партиска фирма. Наместо да се грижат за медицинскиот персонал и пациентите, тие се грижеле за тесно партиски интереси. По извршените проверки во ТОАРИЛУЦ поранешното раководство ангажирало лица по договор за дело без финансиски согласности од Министерството за финансии. Во оваа клиника се преземени големи финансиски обврски без спроведени постапки“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков.

Според него, „повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани по договор за дело на клиниката без да имаат финансиска согласност од Министерството за финансии, што е спротивно на членот 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. За истото е предвидено дека за лицето кое раководи со институцијата а ангажирало лица без претходна согласност од Министерството за финансии ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години. Во исто време клиниката се соочува со недостаток на медицински сестри, за што раководството на водело сметка“.

„Поранешното раководство на ТОАРИЛУЦ на клиниката буквално гледало како на партиска фирма, и истите наталожиле финансиски обврски во износ од 840.000 денари, а при тоа за истите не се спроведувани постапки согласно Законот за јавни набавки. Истовремено јавните набавки се правени без план и без долгорочни калкулации за потребите на клиниката. Поради несоодветно планирање дојдено е до целосно исцрпување на договори и оставање на клиниката без основни медицински материјални средства и опрема. Имено, договори склучени во тековната година се веќе исцрпени“ рече Марков.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk