Home » Марко Бошњак со урнебесно видео реагираше на својот пласман на хрватскиот евровизиски избор: „Јас откако не одам на Евровизија“

Марко Бошњак со урнебесно видео реагираше на својот пласман на хрватскиот евровизиски избор: „Јас откако не одам на Евровизија“

by Журнал.мк

Марко Бошњак, младото момче од Прозор, заврши како второпласиран на Дора, хрватскиот натпревар за избор на песна на Евровизија, со песната „Молим за нас“.

Бошњак на својот ТикТок објави урнебесно видео како реакција на второто место на Дора.

Хрватска во саботата избра оваа година на Евросонг да ги претставува Миа Димшиќ, со песната „Gulity pleasure“.

Димшиќ од публиката освоила 91 поен, а од жирито 166 поени, додека Марко вкупно освоил 179 поени.

Иако ја освои публиката и беше фаворит за победа, се најде на второто место, што значи дека нема да ја претставува Хрватска на овогодишната Евровизија.

За својот пласман се пошегувал на своја сметка на ТикТок и ги насмеал следбениците.

„Јас откако сум втор на Дора и не одам на Евровизија“, напишал покрај видеото кое има синхронизиран звук.

Видеото веќе има повеќе од 30.000 допаѓања, а многу обожаватели го поддржале во коментари.

Марко уште како 12-годишник покажа дека знае да се истакне во масата, откако победи во популарното српско шоу „Пинкови ѕвездички“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More