Home » Маричиќ: Во јуни пристигнува нова тура обрасци од околу 300.000 и практично до септември ќе се издадат околу 1.900.000 пасоши

Маричиќ: Во јуни пристигнува нова тура обрасци од околу 300.000 и практично до септември ќе се издадат околу 1.900.000 пасоши

by Журнал.мк

Во вечерашната Топ Тема првиот вицепремиер Бојан Маричиќ истакна дека ние никого не сме известиле дека нашите патни исправи не важат, туку едноставно стапиле на сила роковите од Преспанскиот договор.

„Ние треба да гледаме од аспект на граѓаните. Со законот само дополнително се внесува правна несигурност и проблеми на границите може да имаат граѓаните. Се додека немаме официјално известување од ниту една држава членка на ЕУ“, смета тој и истакнува дека за враќање во државата најсигурно е со патен лист така никој нема да им прави проблем на граѓаните.

Врз основа на статистиката до сега имаме издадено околу 1.350.00 пасоши, овој месец заклучно со оваа недела се пристигнати речиси 300.000 нови обрасци. Тие обрасци обезбедуваат една динамика за секој да се печатат пасоши до јуни. Тоа значи дека на 1.350.000 ќе се додадат уште 300.000. Во јуни пристигнува нова тура обрасци од околу 300.000 и практично до септември ќе се издадат околу 1.900.000 пасоши. Што е и вкупниот број на граѓани, бидејќи пасоши не вадат сите и не се заинтересирани да имаат пасоши, рече Маричиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More