Home » Маричиќ му ја предаде функцијата на својот наследник Тупанчески

Маричиќ му ја предаде функцијата на својот наследник Тупанчески

by Журнал.мк

Маричиќ денеска во Министерството за правда ја предаде министерската функција на својот наследник проф. д-р Никола Тупанчески.
Поранешниот прв човек на Министерството за правда Маричиќ при примопредавањето на должноста, на новиот министер Тупанчески му посака среќа и успех во извршувањето на функцијата, со верување дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите кои се од круцијално значење за напредокот и евроинтеграцијата на државата.

, Во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направивме чекор напред во функционирањето на правосудството. Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите, бидејќи од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат токму од правосудството.
Среќно колега” – напиша на ФБ поранешниот министер за правда Маричиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk