Home » Маричиќ и Шаќири на апанажа, дел од поранешните министри на Ковачевски се уште не се изјасниле

Маричиќ и Шаќири на апанажа, дел од поранешните министри на Ковачевски се уште не се изјасниле

by Журнал.мк

Поранешните министри Бујар Османи, Артан Груби, Славица Грковска, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова нема да бараат апанажа и се враќаат на нивните поранешни работни места.

Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши сѐ уште не се изјасниле дали ќе го искористат ова право. Бојан Маричиќ и Јетон Шаќири веќе поднеле барања.

Другите министри од кабинетот на екс премиерот Ковачевски или се пензионирале или се пратеници во новиот парламентарен состав.

Досега се одобрени апанажи за околу 40 поранешни функционери, од кои 36 се поранешни пратеници.

Ова значи дека овие функционери во наредните 12 месеци ќе ја примаат истата плата што ја добивале како министри, пратеници, директори на јавни претпријатија. А тоа е од 1.500 до 2.000 евра месечно.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More