Home » Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

by Lina Muslija

Марјан Илиевски утре ќе биде промовиран во нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија.

Илиевски се договори со раководството на федерација да ја преземе селекторската позиција од Александар Јончевски.

Поранешниот кошаркар и тренер во минатото соработуваше со претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томица Главчев во тимот на Блокотехна.

Промоцијата на Илиевски ќе се случи утре на прес-конференција закажана за 12 часот.

Првиот предизвик за македонската репрезентација со Илиевски на селекторското место ќе бидат претквалификациите за Светското првенство 2026 во август годинава. Македонија е во група со  Романија и Унгарија, а пласман во главните квалификациии обезбедуваат двете првопласирани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk