Home » Манолева: Владата донесе заклучоци за состојбата во хируршките клиники

Манолева: Владата донесе заклучоци за состојбата во хируршките клиники

by Журнал.мк

Владата на денешната седница донесе неколку заклучоци за состојбата во хируршките клиники при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје во однос на проблемот со компресорската станица, соопшти заменик-министерката за здравство, Маја Манолева.

Како што наведува Манолева, Владата им укажува на јавните здравствени установи, клиники, Заводот и Ургентниот центар да ја заменат опремата на централната компресорска станица со нова. Исто така, се укажува и на замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица.

За ова, јавните здравствени установи ќе имаат рок од една недела до Владата да достават оперативен план за спроведување на активностите.

Во понеделникот, Манолева донесе наредба сите хируршки клиники во Клиничкиот центар во операционите сали да почнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More