20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Manhart MH3 GTR е набилдан BMW M3 со 650 коњски сили!

Најчитани вести

Тјунерите од Manhart веќе му посветија многу внимание на новиот M3 – но најновата итерација на тјунираниот седан располага со моќни 650 коњски сили и 800 Nm вртежен момент!

За новиот M3 би рекле дека веќе е доволно моќен – во зависност од изведбата која ќе ја изберете, веќе има 480, односно 510 коњски сили. Но за инженерите на Manhart, „од многу не боли глава“ – па затоа, благодарение на екстензивни доработки и нов дополнителен MHtronic контролен уред, MH3 GTR сега располага со 650 коњски сили и 800 Nm вртежен момент – цели 140 коњски сили и 150 Nm повеќе од „обичниот“ M3 Competition.

Дополнително, ќе добиете ревидирана суспензија од KW (или пак само пониска суспензија благодарение на H&R пружини), ревидирана геометрија, издувен систем од нерѓосувачки челик, ревидиран систем за обработка на издувните гасови и многу, многу повеќе.

Ако сакате, можете да добиете и надградени сопирачки, а 20-инчните тркала се обвиени во тркачки Michelin пневматици.

Секако, поработено е и на екстериерот, кој добива аеро додатоци, како и на кабината која меѓу другото добива супер-лесни карбонски седишта кои изгледаат како да се земени директно од тркачки автомобил. Сето ова резултира со навистина интересен тјуниран M3, нели?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com