13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Манчестер Сити го доби Јунајтед на Олд Трафорд и закажа финале со Тотенхем

Најчитани вести

Пеп Гвардиола против Жозе Мурињо во финалето на Карабао купот, Манчестер Сити со 2-0 го победи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд и на Вембли ќе игра против Тотенхем.

Манчестер Сити е вториот финалист во Карабао купот, граѓаните беа подобар противник вечерва на Олд Трафорд и дојдоа до триумф кој ги однесе на чекор до трофеј.

Резултатот го отвори Стоунс по пет минути игра во второто полувреме, а во 83. минута Фернандињо со удар од далечина ги постави конечните 2-0.

Синоќа Тотнем го совлада Брентфорд со 2-0, па во финалето кое најверојатно ќе се одигра во април, ќе гледаме битка меѓу Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести