Манчестер јунајтед во последните часови на летниот преоден рок успеа да ја склучи зделката за ангажман на Мануел Угарте од Пари Сен Жермен. Уругваецот вечерва е претставен како ново засилување на „Олд Трафорд“.
ПСЖ за Угарте ќе добие 50 милиони евра, а можни се уште 12 милиони преку разни бонуси.
„Мануел беше еден од клучните играчи на пазарот што ги баравме ова лето. Тој е меѓу најдобрите играчи кои умеат да ја одземат топката на средината од теренот и не се сомневаме дека ќе ни биде од огромна помош“, изјави директорот на Манчестер јунајтед, Ден Ашворт.