Home » Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

by Журнал.мк

Малолетник од Тетово е приведен во полиција откако во доцните вечќерни часови украл туѓ автомобил и со истиот се судрилво друго возило,предизвикувајќи материјална штета и општа опасност.

„На 16.04.2024 година во 02,05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Осомничен е дека околу 01:00 часот на патот „Благоја Тоска“ во Тетово, неовластено одзел автомобил „фолксваген пасат“ со со тетовски регистерски ознаки, сопственост на лицето М.С.(46) од Тетово, по што заминал со возилото, оштетил друг автомобил „фолксваген голф“ со тетовски регистерски таблички, сопственост на С.С.(45) од Тетово“, соопшти МВР.

Автомобилот е вратен на сопственикот, а малолетникот е приведен во полициска станица.

Настанот кореспондира со видеа кои се споделуваат од локалните тетовски медиуми, на кои полициски возила гонат автомобил во центарот на Тетово.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More