Home » Малолетници возеле, а 10 луѓе се повредени во ноќни сообраќајни несреќи

Малолетници возеле, а 10 луѓе се повредени во ноќни сообраќајни несреќи

by Журнал.мк

Двајца возачи кои заедно имале 36 години (во просек на граница на полнолетство и двајцата) се судриле додека возеле ауди и опел астра во близина на Пласница. 17-годишниот возач на ауди од Македонски Брод е тешко повреден во сударот, соопшти МВР.

Вториот возач има 19 години и заедно со уште 6 млади врсници и сопатници во двете возила се повредени. Несреќата се случила синоќа во 23:45, малолетникот не може да има дозвола, но ниту другиот возач не смеел да вози без придружба на постар и поискусен возач.

Во друга сообраќајка синоќа кај Черкезе, кумановско учествувал малолетен возач на мотор. Се судриле со ауди на регионалниот пат Скопје-Куманово во 22:50.

Малолетниот возач на мотор и негов совозач кој исто така немал 18 години се тешко повредени во сообраќајката.

Во продолжение извадоци од билтенот на МВР за двете несреќи во кои се регистрирани 10 повредени, главно млади:

-На 09.04.2024 во 22.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на влез во с.Черкези-кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано до Д.А.(24) од с.Љубодраг-кумановско, и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тромеѓа-кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

-На 09.04.2024 во 23.45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More