Home » Максим Димитриевски откри со кој ќе коалицира по изборите

Максим Димитриевски откри со кој ќе коалицира по изборите

by Журнал.мк

Максим Димитриевски вели дека ќе коалицира со оној кој ќе ги прифати неговите услови. Претходно, во текот на гостувањето Димитриевски рече дека кога се во прашање националните интереси цврсто стои за „најнападнатите“ работи: Јазикот, индетитетот и историјата.

Ќе бидам конструктивен. Ние ќе коалицираме со тие кои ќе седнат со нас на маса, тоа што ние ќе го понудиме и ќе ги прифатат нашите услови. Така си функционираат веќе 30 години, ние ќе поставиме услови, вели Димитриевски за Радио Лидер.

Димитриевски рече дека партиите мора да се држат до кампањата.

Не смее да се заборави на кампањата. Се враќаме на националната кампања. Патриотизмот не е резервиран само за ВМРО-ДПМНЕ, вели Димитриевски.

Тој се осврна и на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој вчера ја соопшти идејата и повикот до ЗНАМ и Левица за македонско национално единство.

(ВИДЕО) Димитриевски за идејата на Мицкоски за национално единство: Ме импонира иницијативата, без ЗНАМ нема идна влада, истото го понудивме и ние

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More