Home » Макрон предлага реформа на Шенген зоната

Макрон предлага реформа на Шенген зоната

by Журнал.мк

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е потребна реформа на Шенген зоната и дека таа треба да се раководи на редовни министерски состаноци, како што е тоа случајот со еврозоната.

Британските медиуми пренесуваат дека на последниот состанок на европските министри за правда и внатрешни работи Макрон кажа дека таканаречен Шенгенски совет да проценува како функционира зоната, да донесува заеднички одлуки и ќе ја олеснува координацијата за време на кризи.

-Овој Совет може да стане лицето на силна, заштитничка Европа, која може да ги контролира нејзините граници, а со тоа и својата судбина, рече Макрон.

Тој додаде дека првиот состанок на овој Совет ќе се одржи кога следниот пат на 3 март ќе се соберат европските министри за правда и внатрешни работи.

Предлогот на Макрон бара поддршка и од другите земји-членки на ЕУ, но француските власти посочуваат дека нема да биде неопходно да се менуваат договорите на ЕУ.

-Треба да ја реформираме Шенген зоната. Не може да има слобода на движење доколку не ги контролираме нашите надворешни граници, рече Макрон.

Франција предлага и воспоставување механизам за кризни ситуации што би можел да се активира во случај на закани за надворешните граници на Унијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk