Home » Макрон објави дека Франција ќе испрати борбени авиони Мираж во Украина

Макрон објави дека Франција ќе испрати борбени авиони Мираж во Украина

by Журнал.мк

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе испрати борбени авиони Мираж во Украина, како и дека француската армија ќе обучува украински пилоти.

Макрон повтори дека на Украина треба да и се дозволи да користи оружје обезбедено од нејзините западни сојузници за да ги гаѓа руските воени цели и да ги „неутрализира точките од кои земјата се напаѓа“.

Украина се бори да го запре неодамнешниот руски напредок во источните региони Харков и Доњецк. Офанзивата има за цел да го искористи недостигот на муниција и војници во Киев долж линијата на фронтот од околу 1.000 километри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска присуствуваше на комеморацијата за сојузничката инвазија на Нормандија во 1944 година со светските лидери во Франција и повторно побара дополнителна помош од Западот.

Зеленски и неговата сопруга Олена ќе се сретнат со француските претставници во петок во Париз.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More