Home » Макрон и Шолц во одбрана на европските интереси откако Трамп прогласи победа

Макрон и Шолц во одбрана на европските интереси откако Трамп прогласи победа

by Журнал.мк

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц за да го зајакнат европското единство, откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД.

Во изјава на Икс, Макрон рече дека тој и Шолц разговарале за изборните резултати за време на телефонски разговор во средата наутро.

„Ќе работиме за пообединета, посилна, посуверена Европа во овој нов контекст. Во соработка со Соединетите Американски Држави и бранење на нашите интереси и вредности“, рече Макрон.

„Честитки, претседателe Доналд Трамп. Подготвен да работиме заедно како што работевме четири години“, напиша францускиот претседател на Икс. „Со вашите и мои убедувања. Со почит и амбиција. За повеќе мир и просперитет“.

Одговорот на лидерите следеше откако Трамп прогласи победа на претседателските избори, иако официјалните резултати сè уште се чекаат.

Според Асошиетед прес, Трамп собра 267 гласови на Изборниот колеџ, само малку му недостасуваат од 270 потребни за победа. Фокс њуз веќе го прогласи за победник, иако официјалниот резултат сè уште се чека.

Потенцијалното враќање на Трамп во Белата куќа ќе означи значителна промена во американското раководство и потенцијално во американско-европските односи. За време на својот претходен мандат, Трамп јавно ги критикуваше европските НАТО сојузници дека не ја исполнуваат целта на алијансата за трошоци во одбраната од 2% од БДП.

Тој тврдеше дека САД носат неправеден товар на трошоците на НАТО и се закани дека ќе се повлечат од алијансата доколку другите членки не го зголемат својот придонес.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk