Home » Макрон: Европа мора да донесе храбри одлуки за да ја одбрани Украина

Макрон: Европа мора да донесе храбри одлуки за да ја одбрани Украина

by Журнал

Европската унија мора да донесе храбри одлуки за одбрана на Украина, пред САД потенцијално да одлучат да ја прекинат или намалат воената поддршка за Киев, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Говорејќи на Шведската одбранбена академија заедно со шведскиот премиер Улф Кристерсон, тој рече дека доколку Европа ја зголеми својата поддршка и помогне да се спречи руската победа, САД преку НАТО повеќе не би можеле „да имаат монопол врз одредувањето на идните односи“, пренесува лондонски „Гардијан“.

„Европа имаше среќа да ја има Америка за партнер, но ние мора да бидеме луцидни. Украина е дел од европскиот континент и што и да одлучи Америка, ние мора да донесеме правилни и храбри одлуки за да ја поддржиме Украина и украинскиот народ. Ова е дефинитивен момент за Европа. Мора да бидеме подготвени да дејствуваме за да ја одбраниме и поддржиме Украина, што и да е потребно и што и да одлучи Америка“, рече Макрон.

Според „Гардијан“, ваквите изјави на Макрон делуваат како предупредување за Европа да ја зголеми поддршката за одбраната на Украина и да се подготви за можноста администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да не го одобри буџетот за помош на Киев преку Конгресот.

Макрон оцени дека Европа мора да направи се што е потребно во годините што доаѓаат, по секоја цена.

„Вистинската цена на руската победа, и на краток и на долг рок, е превисока за сите нас“, рече францускиот претседател.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More