Home » Макрадули со остра критика го окарактеризира ‘новото нормално’ како ‘старо Грујово’

Макрадули со остра критика го окарактеризира ‘новото нормално’ како ‘старо Грујово’

by Журнал.мк

Членот на СДСМ, Јани Макрадули со остра рекација утрово кон владејачката партија и нивното „одбележување“ на Денот на жената – 8 Март.

– И вчерашниот ден ја потврди мислата: “Една слика, илјада зборови” – слика која испраќа јасна порака. Од една страна, илјадници насмеани, решителни жени во марш, обединети околу политиките за рамноправност, еднаквост и исти права, промовирани од СДСМ, а од друга страна, намрштените неколкумина мажи, кои климаат со главите слушајќи го Премиерот.
Игнорирањето на 8 Март, од страна на Премиерот, не само што ја потврдува сликата, туку и неговата политика, а тоа се локалните избори, како приоритет и ништо друго. Приоритет да се „уништат” и помножат со нула, партиите од опозицијата. Каков ЕУ, какви обиди за нова рамка, целта е една – планина пари од Унгарија за кампања која ќе биде брутална, мегаломанска, и како и последната за парламентарните избори, популистичка, со нови лажни ветувања. Во таа насока се и тендерите, за приватно обезбедување на државни објекти, опрема за преведување, или настрешница, да ја штитат надворешната политика од активности на птиците – напиша Макрадули на социјалните мрежи.

Потоа додаде дека и нивниот колационен партнер има иста цел, па „и методите се исти, па и тие си имаат свој паркинг, пардон периметар“.

– Авторитарниот режим секојдневно го покажува своето лице. Новото нормално е всушност старото Грујово – уредување на вестите од еден центар, наместо одговори, навредите ќе растат, ќе се појави синдикат кој ќе се залага за помали плати и ја обожава владата, а алиби ќе биде дека: ССедете, не ги знаете моите пријатели во Америка.”

Ваквата опседнатост со резултатите на локалните избори, го претвори функционирањето на државата неефикасно. Сѐ се одвива како по инерција – меѓународната позиција загрозена, а за “забава” креирање страв, за жал, секогаш ќе има за тоа меѓуетнички теми.

Режимот е сервиран, декориран со папаја и манго – пишува Макрадули.

Потоа додава дека одговорот зависи од многу чинители, а дали субјектите ќе се обединат околу тоа кој ќе одлучува за чешма или пак околу широк фронт против враќање на режимот, ќе покаже набргу времето.

– Загриженоста на добронамерните расте, а изборот побарува одговорност, знаење, искуство и решителност… – заклучува
Макрадули.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk