25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Македонското судство е во проблем, дури 385 барања до Европскиот суд – за арбитража

Најчитани вести

Македонскто судство има проблем со критериумите и донесувањето пресуди во рамките на законот и особено со европските стандарди на који Македонија, и правно, е обврзана. Прчините се дефинирани во европските зивештаи, нешање на извршната во судската власт, а последиците се голем број пресуди за кои Европскиот Суд за човекови права констатира дека жалбите дио него – с е основани и решава да поведе постапка за арбитража.

Од 1 јули 2020 до Европскиот суд за човекови права во Стразбур биле поднесени вкупно 385 барања од граѓани од Северна Македонија, рече директорот на Програма за владеење на правото во ЈИЕ на Фондацијата „Конард Аденауер“, Хартмут Ранк

Според него, бројката е алармантна доколку се спореди со бројот на поднесени барања од други земји во однос на бројот на жители.

  • Во 2018 година донесени се вкупно 12 одлуки од ЕСЧП против во тоа време БЈРМ, сега Северна Македонија и во кои најмалку едно право на граѓанинот било прекршено, рече Ранк. Додаде дека постојат две групи кои се тема на овие барања, а тоа се примена на насилство при постапувањето на безбедносните служби – полицијата и водењето на постапка на неправеден начин.

Бирото за застапување со години наназад се соочува со проблеми при обезбедување на спрегата помеѓу ЕСЧП, националните институции и Комитетот на министри, кој го врши надзорот над извршувањето на пресудите.

  • Проблемот првенствено лежи од недоволното разбирање на позицијата на агентот. Не често дури и институциите не ја разбираат нашата улога кога доаѓа процесот на извршување на пресудите, додека пак луѓето надвор од институциите проблемот со неизвршувањето и големото заостанување на предмети под надзор на Комитетот на министри го лоцираат во Бирото за застапување или помеѓу ова Биро и Меѓуресорската комисија за извршување на пресудите, рече Џонова.

Џонова како проблем при извршувањето на пресудите ги посочи отсуството на динамика во преземањето на конкретни активности, како и малиот кадар со кој располага Бирото за застапување.

Според неа, тоа реално многу загрижува затоа што има огромен бројот на т.н. повторувачки случаи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести