Home » Македонското МНР по примерот на институциите на ЕУ – осветлено во боите на знамето на Украина

Македонското МНР по примерот на институциите на ЕУ – осветлено во боите на знамето на Украина

by Журнал.мк

По повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, повеќе згради во Брисел, вклучително и институциите на ЕУ, минатата ноќ беа осветлени во боите на украинското знаме.

– ЕУ ја потврдува непоколебливата поддршка за Украина со се што е потребно, со цел таа да победи во оваа војна и да се врати мирот, порача Европската служба за надворешни работи во објава на Икс.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, пак, порача дека ЕУ е на страната на украинскиот народ од „трагичното утро што ја промени историјата на Европа“, но нема повторно да ја промени картата на Украина по пат на сила.

Руските сили ја нападнаа Украина на 24 февруари 2022 година, започнувајќи ја најголемата воена офанзива во Европа по Втората светска војна, што резултираше со најмалку 10.000 цивилни и стотици илјади воени жртви, 3,6 милиони внатрешно раселени лица и 6,3 милиони украински бегалци во други земји.

И зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) синоќа беше осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина. Денеска до македонското е истакнато и украинското знаме.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More