Home » Македонските тимови на четврто место во Европа по тренерски смени (фото)

Македонските тимови на четврто место во Европа по тренерски смени (фото)

by Lina Muslija

Македонските екипи менуваат тренери во просек на секои 7 месеци. Ова го покажува најновото истражување на УЕФА, според кое Македонија се најде на листата на земјите кои менуваат тренери на помалку од една година. Во предвид е земена минатата сезона 2023/24.

Македонија на оваа листа е меѓу ТОП5. Пред Македонија се само Србија, БИХ и Албанија кои менувале тренери во просек на секои шест месеци во изминатата 2023/24 сезона, додека на исто рамниште со Македонија се Хрватска, Турција и Кипар.

Најмногу тренерите издржуваат во Северна Ирска, каде што има тренерски смени во просек на 3,5 години.

Во соседството, Грција менува тренери на секои девет месеци, Црна Гора на секои осум, додека Бугарија на секои девет месеци. Романија исто така е меѓу првите 10, односно менува тренери на секои осум месеци.

Во истражувањето на УЕФА во кои се опфатени сите параметри, стои дека дури 68% од екипите во Македонија, лани имале домашни тренери.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk