Home » Македонските ракометари со пораз од Франција го започнаа Европското првенство

Македонските ракометари со пораз од Франција го започнаа Европското првенство

by Журнал

Македонската ракометна репрезентација со пораз од 39-29 од фаворитот Франција го отвори ЕП во Германија.

Спектакуларниот меч со кој Македонија влезе во историјата како прва селекцијата заедно со Французите кои играле ракометен меч на фудбалски стадион пред рекордни 53000 илјади гледачи во Дизелдорф.

Самиот меч почна добра за нашите ракометари кои во еден момент имаа и водство од 2-0. За жал следуваа неколку грешки по што Франција го сврте резултатот во своја корист и на крајот од првиот дел оствари предност од 17-13.

Во вториот дел Македонија немаше шанса да му се доближи на противникот кој ја зголемуваше предноста и на крајот однесе сигурна победа од 39-29.

Голманот Митревски имаше своја вечер со 10 одбрани додека Пешевски постигна 7 погодоци во нашиот тим во кој забележителен беше и Џонов со 6 погодоци.

Следниот натпревар Македонија го игра на 14. Јануари во Берлин против домашната селекција на Германија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More