Home » Македонските работници бараат најмалку 1.300 евра месечно за сезонска работа во Хрватска

Македонските работници бараат најмалку 1.300 евра месечно за сезонска работа во Хрватска

by Журнал.мк

Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува значителен пораст.

Зголемената побарувачка за персонал во угостителството и туризмот придонесе за раст на платите, при што сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра месечно. Работодавците се принудени да нудат подобри услови, вклучувајќи сместување и дополнителни бенефиции.

Македонските работници имаат одлична репутација, а многу од нив се враќаат кај истите работодавачи. Очекувањата се дека трендот на зголемен интерес за сезонска работа ќе продолжи и оваа година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk