Home » Македонските кошаркарски кадети ја победија Португалија

Македонските кошаркарски кадети ја победија Португалија

by Журнал.мк

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја оствари и петтата победа на Европското првенство Дивизија „Б“ кое се игра во Скопје.

Кадетите славеа со минимални 70:68 над Португалија, но победата е доволна избраниците на селекторот Александар Јованчев да се борат само за деветтото место на ова ЕП во Скопје.

Вечерва имавме одлично прво полувреме во кое имавме предност и од 15 поени против „морнарите“, што на крајот се покажа како доволно за продолжение на серијата на успешни игри.

Ѓорѓевиќ со 22 поени беше најефикасен кошаркар во нашиот тим, а го следеше Алексеј Нешовиќ со „дабл-дабл“ учинок – 20 поени и 12 скокови.

Ериксон Тешеира за Португалците постигна 14 поени.

Во борба за деветтото место Македонија ќе игра против Унгарија или Велика Британија

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More