Home » Македонските граѓани да ја напуштат Либан поради влошена безбедносна ситуација, апелира МНР

Македонските граѓани да ја напуштат Либан поради влошена безбедносна ситуација, апелира МНР

by Журнал.мк

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни.

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан.

Како и секогаш, Министерството за надворешни работи ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk ).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More