Home » Македонските боксери на Балканското Првенство освоија две златни, еден сребрен и пет бронзени медали

Македонските боксери на Балканското Првенство освоија две златни, еден сребрен и пет бронзени медали

by Журнал.мк

Македонија со две злата, едно сребро и пет бронзи се враќа од Балканското Првенство во бокс.

Aлен и Ружди Рустемовски освоија златни медали на Балканското Првенство во бокс кое изминатите денови се одржа во Лозница, Република Србија.

На финалниот натпреварувачки ден Ален Рустемовски во финалето го совлада Украинецот Денис Роздолски, додека Ружди Рустемовски беше подобар од домашниот боксер Стефан Чамовиќ.

Да потсетиме, вчера Ардијан Рустемовски го освои сребрен медал откако во финалето загуби од Украинецот Зименко.

Претходно со бронзени медали се закитија Ебуталип Агушев, Лука Трифуновиќ, Тарик Весели, Димитар Ѓорески и Енис Алиу.

Националаниот тим на Македонија на Балканското Првенство го предводеа тренерите Владимир Цекиќ и Тархан Демиров додека во официјалната делегација на првенството беше судијата Стефан Цубалевски кој одлично се претстави на шампионатот.

Како Национална Боксерска Федерација уште еднаш упатуваме искрени честитки до сите во нашиот национален тим кои кои достојно го претставија македонскиот бокс во Лозница и направија одличен успех и резултат со желба и надеж во иднина да бележиме уште поголеми успеси и да се радуваме на нови победи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk