Прилепчанецот Ален Хасановиќ кој го освои Балканот со својот шарм и талент за пеење неодамна стави крај на двегодишниот брак со сопругата Аида која сега му е само поранешна.
Хасановиќ кој стигна до финале, во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ и така на јавноста и стана познат, музичката кариера со приватноста не ја мешаше, но колку и да сака да го сокрие тоа љубопитните српски медиуми го предизвикаа јавно да открие за разделбата со сопругата и дека сега двајцата се среќни.
-Максимално ја избегнував оваа тема и сакав својот приватен живот да го држам далеку од јавноста. Но, новинарите се чудо и од нив не може да се побегне. Ми се јавија многу новинари за да дадам изјава во врска со мојот брак. Сакам само да потврдам. Да точно е! Јас и мојата сопруга веќе не сме заедно неколку месеци, секој тргна по својот пат и така сме двајцата среќни. Благодарам многу! – напиша тогаш пејачот со чувство дека мора да го да го објави тоа.
Сега Ален привлекува внимание со неговите објави на Инстаграм од каде редовно се огласувасо и со тоа покажува дека максимално ужива и го живее животот, а доказ за тоа се видеата кои ги споделува на споменатата мрежа.
Неодмна тој сподели видео додека се вози во автомобил и ја пее неговата најпопуларна песна „Једина нада“.
Во кадар како и секогаш главно е пејачот, додека ликот кој вози со него е сокриен.
Па останува прашањето кому му пее така препороден и со полно емоции…
фото: printscreen/instgaram/alen_hasanovic