Home » Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Нови Сад ја победи Војводина со 89:84 и направи голем исчекор кон четвртфиналето во регионалната АБА 2 лига. Избраниците на Атанасов се стекаа со двоцифрена предност во првата четвртина (24-12) и истата ја задржаа до паузата (54:42). Војводина во третиот период беше подобра со 19-11 и водена од таа енергија во завршниот период во неколку наврати имаше и минимална предност, меѓутоа „металците“ соодветно одговараа и на крајот беа подобри кога се решеваше победникот и заслужено дојдоа до триумф во оваа пресметка. Баковиќ со 17 поени ја предводеше листата на стрелци, Ворку и Стојановски (Војдан) уфрлија по 13, Делалиќ има 12, а Танасковиќ 11 кошеви. Николиќ за Војводина имаше дабл-дабл од 20 поени и 12 скокови. „Штрковите“ сега имаат 7-3, учинок кој го имаат Војводина и Широки Бријег, поточно подобри се само Златибор Чајетина и Суботица со 8-2.

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Нови Сад ја победи Војводина со 89:84 и направи голем исчекор кон четвртфиналето во регионалната АБА 2 лига. Избраниците на Атанасов се стекаа со двоцифрена предност во првата четвртина (24-12) и истата ја задржаа до паузата (54:42). Војводина во третиот период беше подобра со 19-11 и водена од таа енергија во завршниот период во неколку наврати имаше и минимална предност, меѓутоа „металците“ соодветно одговараа и на крајот беа подобри кога се решеваше победникот и заслужено дојдоа до триумф во оваа пресметка. Баковиќ со 17 поени ја предводеше листата на стрелци, Ворку и Стојановски (Војдан) уфрлија по 13, Делалиќ има 12, а Танасковиќ 11 кошеви. Николиќ за Војводина имаше дабл-дабл од 20 поени и 12 скокови. „Штрковите“ сега имаат 7-3, учинок кој го имаат Војводина и Широки Бријег, поточно подобри се само Златибор Чајетина и Суботица со 8-2.

by Журнал

„Секој судија носи одлука самостојно и независно. Судскиот совет и Советот на јавните обвинители се институции што треба да се одважат, бидејќи во нивни раце е палката за избор и разрешвуање на судии и обивнители“ рече заменик-министерката за правда, Викторија Мадиќ во утринската програма на „Слободен печат“.

Таа додаде дека станува збор за поединци кои го рушат угледот на судството, а советите се тие што треба да се одважат и по допрен глас и сами меѓу себе да си ги покажат поединците.

„Не може да генерализираме и да кажуваме дека судството и обвинителството се тотално корумпирани“ рече Мадиќ.

Заменик-министерката додаде дека во Министерството за правда има работна група која работи на нов Закон за судски совет и анализа за тоа дали и како функционира овој Судски совет и заедно со Извештајот на оценксата мисија на ЕУ ќе се донесат решенија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk