Home » Македонски граѓанин „летал“ на пат во Австрија – бил фатен со 100 км/ч над дозволеното

Македонски граѓанин „летал“ на пат во Австрија – бил фатен со 100 км/ч над дозволеното

by Журнал.мк

Македонски граѓанин бил фатен од страна на австриската полиција откако бил „уловен“ како вози 100 километри над дозволената брзина. На полицијата и се правдал дека не го видел знакот.

Настанот се случил во вторникот во австрискиот град Нојкирхен на Вокла во областа Воклабрук.

Македонскиот граѓанин возел со 128 км/ч во зона каде е дозволено само 30 км/ч.На возачот кој има 28 години веднаш му било запленето возилото од марката Мерцедес АМГ.

Ново вакво возило, во зависност од моделот и опремата, може да вреди над 200 илјади евра.

Со одлука на судот може да му биде целосно одземено затоа што се работи за тешко прекршување на законот. За загрозување на безбедноста македонскиот граѓанин може да добие и затворска казна.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk