23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Македонски фудбалер се ожени со хрватската пејачка Лана Јурчевиќ

Најчитани вести

Македоскиот фудбалер Ристе Митревски вчера се ожени со популарната хрватска пејачка Лана Јурчевиќ. Тие прво се венчаа во црквата „Свети Марко“, а потоа имаа свадбена веселба во еден познат ресторан во Загреб. На свадбата имаше и гости од Македонија, поранешни соиграчи на Митревски од времето кога тој играше во „Металург“. Меѓу нив беа и Марко Симоновски и Оливер Пеев.

Според гостите, свадбата била многу весела. Лана носеше венчаница од тантела, а Ристе беше облечен во елегантен црн костум.

Митрески, кој сега игра за кипарскиот клуб „Еносис Неон Паралимни“ и познатата пејачка се запознале додека тој играл за хрватскиот клуб „Истра 1961“. Според хрватските медиуми, 25-годишната пејачка е бремена и тие догодина ќе станат родители. Инаку, Лана е ќерката на хрватскиот тренер, а сега селектор на репрезентацијата на Азербејџан, Никола Јурчевиќ.

Текстот Македонски фудбалер се ожени со хрватската пејачка Лана Јурчевиќ е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести