Home » Македонски доктори учествувале во лекувањето на погодените во крвавиот напад во Магдебург

Македонски доктори учествувале во лекувањето на погодените во крвавиот напад во Магдебург

by Журнал.мк

Македонската амбасада во Германија објави дека двајца македонски доктори Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург дале свој придонес во лекувањето на погодените во крвавиот напад на божиќен пазар во овој германски град.

– Горди со д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, објави на својот Фејсбук профил македонската амбасада во Германија.

Лицето кое синоќа со автомобил удри во толпа на божиќен пазар во централниот германски град, при што загинаа пет лица, а 200 беа повредени, како што објави полицијата, дејствувал сам.

Мотивите за постапките на сторителот засега остануваат непознати, но неговото незадоволство од односот на Германија кон бегалците од Саудиска Арабија можеби одигра улога, изјавија обвинителите на истиот брифинг.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk