Home » Македонската партија во Албанија во изборна коалиција предводена од ДП на Бериша

Македонската партија во Албанија во изборна коалиција предводена од ДП на Бериша

by Журнал.мк

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од опозициската Демократска партија (ДП) на поранешниот албански премиер и екс претседател на државата, Сали Бериша.

Според објавата на ДП, во изборната коалиција се 26 политички партии, меѓу кои и Партијата на слободата на Илир Мета, Републиканската партија на Фатмир Медиу, Партијата за заштита на човековите права на грчкото малцинство, чиј лидер е Вангел Дуле, како и Партијата за правда, интеграција и единство, партија на Чамите, на Шпетим Идризи.

При потпишувањето на коалицијата договорено е на изборите да настапат под името „Алијанса за величествена Албанија“, а каде и колку ќе имаат свои кандидати на кандидатските листи со загарантирани места и отворените листи, во 12-те Изборни единици ќе биде соопштено дополнително.

Парламентарните избори, 11-ти по ред, од падот на комунистичкиот систем, ќе се одржат на 11 мај, на кои за првпат ќе гласа и албанската дијаспора.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk