Home » Македонската армија назадува на листата на најмоќни војски, сега е меѓу Зимбабве и Јужен Судан

Македонската армија назадува на листата на најмоќни војски, сега е меѓу Зимбабве и Јужен Судан

by Журнал.мк

Годишната листа „Global Firepower“, која ги рангира најмоќните армии во светот, е објавено – како и лани и во минатите години, Соединетите Американски Држави се на САД остануваат на врвот како најсилна воена сила, а веднаш зад нив се Русија, Кина, Индија, Обединетото Кралство и Франција.

Украина, која три години е во војна по руската агресија, се наоѓа на 20-тото место на оваа листа.

Македонската армија забележа пад од две позиции на листата и годинава е 112-та место од вкупно 145 држави и се наоѓа под армијата на Зимбабве и над војската на Јужен Судан.

Oд нашите соседни земји, најдобро е рангирана Грција, на 30-тото место. Бугарија е на 62. место, Србија веднаш зад неа на 63. позиција, Хрватска е 74-та, Словенија 78-ма, Црна Гора 96-та, додека Косово е на 141. место.

Методологијата на GFP користи над 60 фактори за да го пресмета т.н. „firepower index“ на секоја држава, вклучувајќи ја бројноста на вооружените сили, финансиската состојба, логистичките капацитети, географската положба и достапноста на ресурси. Листата се фокусира на конвенционалните вооружени сили, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk