Home » Македонска премиера на новиот Volvo EX30!

Македонска премиера на новиот Volvo EX30!

by Lina Muslija

Новиот EX30 е најмалиот и најевтиниот електричен SUV на брендот, но истовремено е и автомобилот со најбрзо забрзување до 100 километри на час во историјата на шведскиот бренд – и од денес е достапен во Македонија!

 

EX30 стартува нова ера за шведскиот бренд – и тоа поради повеќе причини. EX30 е првиот автомобил на Volvo кој е развиен да биде исклучиво-електричен, а со тоа воведува и сосем нов пристап на дизајн и развој.

EX30 е достапен во три различни конфигурации – Single Motor Standard Range, Single Motor Extended Range и Dual Motor Performance. Основната верзија е со еден мотор, погон на задните тркала и батерија со капацитет од 51 kWh. Оваа конфигурација овозможува автономија до 440 километри во градски услови на возење.

Скалило погоре е верзијата со истиот мотор, но поголема батерија со капацитет од 69 kWh. Оваа верзија може да помине до 660 километри во градски услови. Двете верзии имаат по 272 коњски сили и 343 Nm и достигнуваат 100 километри на час за 5.7, односно 5.3 секунди.

На самиот врв е изведбата EX30 Dual Motor Performance, која (како што и самото име кажува) има два електромотори, а и оваа верзија ја користи поголемата батерија со капацитет од 69 kWh. Оваа конфигурација располага со вкупно 428 коњски сили и 543 Nm вртежен момент и забрзува до 100 километри на час за 3.6 секунди (побрзо од било кој друг модел во историјата на Volvo), а батеријата овозможува автономија до 590 километри во градски услови на возење.

Инаку, тука се сите безбедносни системи кои се очекуваат кај Volvo, додека дизајнот е сосем нов и радикално поинаков од сите други модели на шведскиот бренд кои досега сме ги возеле. Преовладуваат чисти и остри површини, со дефинирани линии и одлучни, самоуверени детали. Кабината е типична за Volvo – преовладуваат шведскиот минимализам и технолошкиот максимализам – EX30 е темелно современ автомобил.

Цените во Македонија започнуваат од 37.990 Евра за основната варијанта, додека EX30 Dual Motor Performance во врвно ниво на опрема ќе чини нешто над 50.000 Евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More