Home » МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА КРАТКИОТ ФИЛМ „МАЛА ШЕГА“ НА ТРИФУН СИТНИКОВСКИ

МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА КРАТКИОТ ФИЛМ „МАЛА ШЕГА“ НА ТРИФУН СИТНИКОВСКИ

by Lina Muslija

Краткиот игран филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски вечерва (29 септември) ќе ја има својата македонска премиера, што ќе се одржи во Киноверзум во Кисела Вода од 20 часот. Светската премиера на „Мала шега“ се случи неодамна на Меѓународниот филмски фестивал во Оденсе (ОФФ), каде што се прикажа со 147 филмови од 39 земји.

„Мала шега“ е продукција на „ДНФ филмс“ и копродуциран од ИРЛ од Македонија и „Изван фокуса“ од Хрватска.

Филмот е заснован врз истоимениот расказ од Антон Павлович Чехов, а во главните улоги се Јана Никодиновска и Марко Илиевски. Продуцент и монтажер е Гоце Кралевски, а копродуценти се Сашка Цветковска и Адријана Пруговечки. Кинематографер е Сергеј Сарчевски, дизајнер на продукцијата е Александра Петкова, музиката ја напиша Мартина Силјановска, а за костимографијата одговорна беше Марта Дојчиновска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk