Home » Македонска делегација предводена од Мицкоски патува за Вашингтон, на НАТО самитот можна е средба и со Мицотакис

Македонска делегација предводена од Мицкоски патува за Вашингтон, на НАТО самитот можна е средба и со Мицотакис

by Журнал.мк

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски денескаа заминаа во Америка.

Македонската делегација, според информациите, првите активности ќе ги има веќе во понеделник.

„Делегација предводена од премиерот Мицкоски на НАТО Самитот во САД. Денес патуваме за САД. Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон, каде ќе одбележиме 75 години од формирањето на Алијансата. Благодарност до нашите стратешки партнери“, напиша министерот Муцунски на ФБ.

Очекувањата се дека на самитот ќе се случи и средба на македонскиот премиер Мицкоски со неговиот грчки колега Мицотакис. Тоа ќе биде прва средба откако Грција остро се спротивстави на изјавите со користењето на името „Македонија“, без додавката „Северна“.

Мицотакис најави дека Мицкоски ќе се најде во многу непријатна позиција во рамките на Самитот на НАТО доколку опстојува на оваа реторика.

Директорот за Европа и НАТО во Пентагон, Бјуланд, пак, порача билатералните односи да останат надвор од НАТО, а САД ќе продолжат силно да го поддржуваат Договорот од Преспа.

Самитот во Вашингтон започнува во вторник, а во фокусот ќе биде прашањето за помош на Украина и нејзиното влегување во НАТО.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More