13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Македонија се подготвува за пописот на населението

Најчитани вести

По 19 години, Македонија се подготвува за пописот на населението. Законот е во завршна фаза на одобрување, откако ќе ги помине филтрите во Собранието. Неофицијално се дознава дека се очекува да се изгласа во првата половина на јануари, односно на првите седници по новогодишните празници.

Зошто немаше попис во Македонија?

Во 2002 година, веднаш по вооружениот конфликт, податоците од пописот вкрстени со точки од Охридскиот договор беа толкувани во уставни амандмани за да се категоризираат етничките права врз основа на процентот од попис.

Речиси 10 години подоцна, кога државниот буџет предвидуваше средства за пописот на населението во 2011 година, а Законот беше одобрен од Собранието, процесот беше прекинат од непознати причини. После пет години, прислушуваните материјали што ги поседуваше поранешното СЈО ја открија вистината дека одложувањето или прекинувањето на пописот е направен во договор меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер Никола Груевски.

Дури од СЈО поднесоа тужба за нанесување штета на државниот буџет од 2,8 милиони евра, но ова обвинување не доби разрешница. На 3 декември 2020 година, еден месец откако Ахмети доброволно сведочеше пред Обвинителството за пописот, Обвинителството го повлече обвинението поради недостиг на докази и неможност за докажување на дело.

Прашањето на пописот на населението во 2021 година беше дел од политичкиот договор и точка во владината програма. Текстот предложен од Министерството за правда се расправаше во Собранието, а опозицијата од редовите на Албанците побара процесот да се спроведе од страна на ново формирана Државна пописна комисија, но такво нешто не беше прифатено. Податоците што ги поседува Државниот завод за статистика, вкрстени со извештаите на ЕУРОСТАТ, ги даваат првите неофицијални бројки што може да се очекуваат од пописот.

Со оглед на миграцијата и демографските промени како и бугаризацијата на скоро 100.000 граѓани на Македонија, очекувањата на ДЗС се дека во Македонија живеат од 1.5 до 1.6 милиони граѓани, од кои 57 – 61 отсто се Македонци, 28 до 30 отсто Албанци и останатите се Турци, Роми, Срби, Бошњаци итн.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести