23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Македонија добива 800.000 дози од „Фајзер“, 5.850 стигаат во февруари

Најчитани вести

Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид-19 од прозиводителот „Фајзер“ во текот на годината.

Договорот бил дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот за здравство, Венко Филипче, и висок претставник на компанијата прозводител на вакцини против Ковид-19. Првите 5.850 дози од вакцините на „Фајзер“ ќе стигнат во февраури, а потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.

„Нашата земја навремено почна со подготовките за вакцинација против Ковид 19 и постојната функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа, каде шти досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против коронавирусот“, велат од Министерството за здравство.

Вакцината на „Фајзер“ се чува во фрижидери на -70 Целзиусови степени. Регулаторните медицински агенции, европската ЕМА и американската ФДА, имаат дадено одобрение за вакцината на „Фајзер“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести