Home » Македонија втора најзагадена држава во Европа

Македонија втора најзагадена држава во Европа

by Журнал.мк

Македонија останува на второто место од 43 држави во Европа според загадувањето на воздухот, според Извештајот за аерозагадувањето во 2023 година кој го објави специјализираната швајцарската компанија за испитување на загаденоста на воздухот, IQAIR.

Според податоците од Извештајот, иако има подобрување од 0,4 микрограми на метар кубен помалку ПМ 2,5 честички, во однос на 2022 година сепак Македонија останува на второ место на најзагадена европска држава, веднаш зад Босна и Херцеговина.

Во 2023 година просечната годишна вредност на микрограмите на метар кубен на ПМ2,5 честичките што се дишеле во Македонија е 25,2 микрограмите на метар кубен. Споредена со 134 земји, региони и територии во светот, во однос на аерозагадувањето Македонија се наоѓа на 32 место. Тоа е подобрување за едно место во однос на 2022 година, кога земјата била на 31 место.

Во првите 15 најзагадени градови во Европа во 2023 година има два македонси града, Струмица, како 12 најзагаден регионален европски град, и Тетово, како 14 најзагаден регионален град.

Што се однесува до Скопје, иако просечната годишна концентрација на ПМ2,5 се намалила за 2 микрограми, сепак е за една позиција полошо пласиран во однос на 2022 година и се наоѓа на 30 место од 114 најзагадени главни градови во светот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More