Home » Македонија во Полска ќе ја враќа самодовербата

Македонија во Полска ќе ја враќа самодовербата

by Журнал.мк

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (18 ч.) на гостински терен против Полска ќе го одигра вториот меч во квалификациската група „Х“ за пласман на завршницата од ЕП 2005. Победата за македонските кошаркари е единствена опција, како би се анулирал неочекуваниот пораз на стартот во Скопје од Естонија. Полска во првата рунда доживеа висок пораз во Литванија. Двете селекции се „ранети“ и ќе бараат шанса за враќање на самодовербата. Полјаците за разлика од Македонија се без императиви, бидејќи како ко-организатори на ЕП имаат обезбеден настап на континеталниот собир. Македонија ќе се обиде да ја изненади Полска, која вечерва ќе биде без најдобриот играч Матеуж Понитка. Кошаркарот на Партизан се врати во Белград. Неговиот тим в четврток игра со Ефес во Евролигата. -Клубот не му дозволи да остане со нас. Не можевме ништо да направиме, Понитка мораше да се врати во Партизан бидејќи тренерот Жељко Обрадовиќ не му дозволи да остане со нас, изјави селекторот на Полска, Игор Миличиќ. Понитка против Литванија постигна 13 поени.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More