Македонското општество останува заробено во корупција. Иако Транспаренси интернешнл забележал скок за девет позиции во споредба со лани, Македонија и натаму е означена како земја со сериозни корупциски проблеми. Измените во кривичниот законик се посочени како најголем удар врз правосудниот систем.. Промовирале неказнивост и дополнително ја урнисале довербата во судовите и обвинителствата.
„Во Септември 2023, Парламентот на РСМ значително го поткопа судството. Нетранспарентно по брза постапка, пратениците ог изменија Кривичниот законик кој доведе до намалување на затворските казни и скратување на застаренстоста на делата за злоупотреба на службената положба. Ова ќе предизвика застарување на околку 200 претпоставени случаи за корупција“, изјави Благоја Пандовски, Транспаренски интернешнл – Макеоднија.
Во извештајот за индекс на перцепција на корупцијата кој земјава ја смести во друштво на Куба, Молдавија и Тринидад, влијаел и скандалот во македонска навигација. Според Транспаренси, и покрај бројните критики, институциите останале глуви на повиците да застанат на патот на корупцијата.
„Може слободно да кажеме дека се уште постои недовлна демократија, транспарентност во работата на јавните институции и владеење на правото кои мораат да бидат подобрени ако сакаме да покажеме реални резултати во борбата со коруцпијата“, вели Пандовски.
Последниот извештај за перцепција на корупцијата, Македонија ја рангираше на 76 место или на средина на листата држави од регионот. Повисоки оценки имаат Словенија, Хрватска, Црна Гора. Полоши резултати во борбата со корупцијата имаат Косово, Србија, Босна и Херцеговина.
За намалување на нивото на корупција, од транспаренси велат, потребно е политиката да не се меша во работата на правосудниот систем.