Home » Македонија со девет пациенти со омикрон и 5.667 активни случаи на ковид-19

Македонија со девет пациенти со омикрон и 5.667 активни случаи на ковид-19

by Журнал.мк

Македонија вчера регистрира девет случаи на омикрон сојот на ковид-19 од кои осум во Скопје и еден во Кочани. Според надлежните, вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата. Во моментот, во државата, има вкупно 5.667 активни случаи.

Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, од Кочани, од Велес, од Гевгелија и од Богданци. Од вкупниот број на тестирани, кај девет пациенти е детектирана Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци, соопштија вчера од Министерството за здравство (МЗ).

Во текот на вчерашниот ден во земјава се регистрирани нови 1.197 случаи на ковид-19 од направени 7.483 тестирања, починаа 12 лица, а евидентирани се 331 оздравен пациент.

Од почетокот на пандемијата, како што информираат од МЗ, се евидентирани вкупно 227.168 ковид-дијагностицирани лица, направени се вкупно 1.619.276 милиони тестирања на ковид-19, бројот на оздравени пациенти е 213.505, а починати се 7.996 лица.

Експертот на Светска здравствена организација (СЗО), Абди Махмуд вчера изјави дека постојат три видови соеви што се следaт и предизвикуваат интерес, но и загриженост. Тој на брифинг во Женева истакна дека од ноември внимателно го набљудува новиот сој на коронавирусот Б.1.640.2. како и неговите две подваријанти.

Новиот сој Б.1.640.2 го открија научниц во Универзитетската болница во Марсеј, Франција. Со тој сој заразени се 12 луѓе во јужниот дел на Франција, а како нулти пациент е означен повратник од Камерун. Махамуд истакна дека СЗО ќе продолжи да го следи сојот Б.1.640.2, вклучително и негово можно ширење во другите европски земји.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk