Македонија вечерва загуби во рамки на второто коло од групната фаза на Светското првенство од Холандија со 37:32, каде нашите момци покажаа храбра игра, но Холандија имаше „предност“ и со досудените 13 пенали.
Тежок меч каде холанѓаните беа и доста брзи, а техничките грешки во првиот дел на нашите Македонија, противникот ги казни максимално со што Холандија на полувреме замина со плус три за 18:15.
Во вториот дел Холандија одлепи на 20:15, а потоа Македонија успеа и да се врати до 27:25 што беше на минус два, но Холандија беше сигурена од седум метри, па така дојде одново до нова разлика која на крајот беше плус пет за 37:32.
Македонија ќе го пренесе бодот со Унгарија за следната фаза, а в недела играме против Гвинеја.