Home » Македонија изгубила 6.000 компании за три години

Македонија изгубила 6.000 компании за три години

by Журнал

За три години бројот на активни фирми во земјава се намалил за скоро шест илјади, поточно за 5.490 фирми. Ова го покажуваат податоците објавени во анализата на Државниот завод за статистика насловена „Регионите во Македонија“.

Бројките откриваат дека во 2019 година сме имале вкупно 75.914 активни компании, но веќе во 2021 година нивниот број паднал на 70.424 компании.

Податоците говорат дека има намалување и кај големите компании, кои вработуваат над 250 лица. Па така во 2019 година имало 232 големи фирми, додека во 2021 година 226.

Најголемо намалување има кај компаниите кои бројат до десет вработени лица. Па бројот на овие компании од 61.265 се свел на 58.124 компании. Очекувано е во оваа група да има најголемо намалување бидејќи во оваа категорија има најмногу компании.

Но, бојките покажуваат дека има намалување во секоја категорија. Па така кај компаниите без вработени има намалување од 2,394 компании, кои од 7.565 спаднале на 5.171 компанија.

Целата анализа прочитајте ја тука.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More