Причина за одземање на лиценците се лекарски грешки кои биле потврдени во судска потстапка, изјави претседателката на Лекарската Комора Калина Гривечва Старделова.
„За да се одземе лекарска потврда мора да има судски процес, каде се бара докторска одговорност. Досега како министер, поранешниот министер за здравство Никола Тодоров побара одземање на лиценците на двајцата анестезиолози од Гевгелија во случајот со почината родилка“, вели проф.д-р Калина Гривчева Старделова претседател на Лекарска Комора.
Според последните неофицијални бројки од Македонија си заминале околу три илјади доктори. Од лекарската комора велат дека не можат да потврдат за колкава бројка станува , бидејќи дел од докторите кои одат во странство бараат потврда и за доедукација дел остануваат, дел се враќаат.
„Ние издаваме потврди за одење во странство, но не значи дека некој заминал заради работа, дел одат и на едукација“, објасни проф. Старделова.
Лекарската комора, оваа година одбележува 20 години откако комората доби овластување да издава лиценци за работа. На прес конферницјата беше и тогашниот министер за здравство Владо Димов.