Бесплатно разгледување имаше денеска во неколку градови низ Македонија во организација на Македонската асоциација на туристички водичи и придружници за одбележување на светскиот ден туристичките водичи. Во Метрополата маршутата започна од пред спомен куќата на Мајка Тереза едно од најпосетуваните места во Скопје …
Туристите што доаѓаат овде имаат навистина богата агенда за време на нивниот престој има што да се слушне и посети, Македонија е земја со богата историја, знаменитости и уникатни места. Вистински предизвик за туристичките работници особено за викенд е да се однесат туристите со автобус на пример кон кањонот Матка или пак од езерото Маврово до планината Бистра бидејќи заглавуваат поради гужвите и недоволниот инфраструктурен капацитет.
Претседателот на асоциацијата пак вели дека еден од најгорливите проблеми во нивната работа е тоа што со групите доаѓаат странски водичи кои зборуваат за знаменитостите на Македонија. Од МАТВП додаваат мора постојано да се работи за подобрување на инфраструктурата и хигиената.
Туристичките водичи и придружници се луѓето кои се цело време со групата од самото пристигнување во земјата па се до нивно заминување.
Туристите што ги сретнавме на улица Македонија повеќето од нив само што беа пристигнати во Скопје и велат дека од тоа што доега го виделе пријатно се изненадени.
Само што пристигнавме денеска, инаку престојуваме во Приштина дојдовме со автобус тука, досега немам видено многу, но има убава архитектура… Не знам многу за тоа да бидам искрена….. Пристигнавме вчера и само што ја започнавме турата така што дојдовме да ги чуеме приказните… Не знам за интересни приказни, но земјата е убава, фотографираме…. велат туристите.
Последниот извештај на статистика од областа на туризмот објавен пред 10 – тина дена а се однесува за последниот месец од лани имало вкупно 55 371 турист, од кои 38.5 % биле домашни, а 61.5 % странски туристи. А кога се работи за ниќевањата биле остварени 113 490 од кои 41.2 % од домашните туристи, а 58.8 % од странските.