Македонската репрезетанција со реми против моќната Унгарија го започна Светското првенство и освои бод, откако одигра 27:27, а можеше и да триумфира, откако во финишот ја испушти победата од раце.
Во првиот дел се играше гол за гол, а Македонија дојде и до предност неколку пати, но на крајот на полувреме замина со 14:14.
Во вториот дел продолжи таа борба за победата која и двете репрезентација ја сакаа, се играше гол за гол, а на крајот Македонија дојде до 26:27, во финишот изгубивме топка поради пасивен напад, а потоа моравме да се задоволиме со бод.
Филип Кузмановски до десет гола беше најдобар кај Македонија, а пак кај Унгарија тоа беше Илиќ со шест гола.
Следен меч за Македонија на Мундијалот е в петок против Холандија, тежок меч за нашите ракометари, а в недела против дебитантот Гвинеја, каде Македонија ќе биде голем фаворит.